Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми и 28-ми јули 2024 година, во периодот од 23:00 до 05:00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол од кои 5 во Охрид, 4 во Струга и 1 во Кичево. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 27