Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувало“ во атарот на селото Косел во близина на Охрид е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Локалитетот „Дувало“ се наоѓа на одлеченост од 7 километри северно од Охрид, на десната страна од регионалниот пат Охрид-Битола во селото Косел и е на надморска височина од 750 метри, со површина од 0,49 хектари.
Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид, а со цел да се обезбеди нејзина заштита од општинскиот буџет се издвоени еден милион денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 160