Забава Избор

SUPER Fresh Music: Jessie Ware – Lift You Up

Охрид, 30. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатата британска кантавторка Jessie Ware ја претставува новата диско химна „Lift You Up“ – ентузијастичка приказна за поддршката на пријателите во време кога имаме слаба самодоверба.

На новата песна, на пејачката и’ се придружува кантавторката Romy, позната по бројни хитови од електронската музика, а песната заедно го изведоа премиерно на фестивалот Glastonbury.

– Горда сум на оваа песна во која не се срамиме да признаеме дека сите сме премногу ранливи и премногу тешки кон себе понекогаш, и тоа е приказна со која многумина можат да се поврзат, порача Jessie за новиот сингл.

Двете музичарки соработуваа и претходно на песната „Share It All“ пред точно десет години, а со новата соработка Jessie се враќа на нејзините диско корени.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука