Охрид, 30. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – „The Boy Is Mine“ е една од омилените песни на сите времиња на германскиот Dj и продуцент 2 Elements.
Како и секоја девојка, така и Anie, која се крие зад овој проект, има своја приказна за овие стихови, која е многу емотивна. Сите ги сакаа и двете моќни жени Brandy & Monica кои во 1998 година го снимија албумот „Never Say Never“, на кој беше и овој светски мега хит.
Anie вели дека е презадоволна што успеа да и’ даде нов живот на една од нејзините омилени песни.
Тимот на 2elements подготви ново одело за светски познатиот RnB хит, па „The Boy Is Mine“ не само што е совршен радио хит, туку е сосема прифатлив и за уживање во клубовите и на големите фестивали ова лето.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива