Забава Избор

SUPER Fresh Music: Safri Duo – Lonely Days

Охрид, 1. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарната група Safri Duo го претстави новиот dance сингл „Lonely Days“ на кој им се придружија германскиот Dj David Puentez и холандскиот артист Jaimes.

Еуфоричниот рефрен и заразниот ритам на песната ќе ги придобијат сите љубители на химничните песни, а особено е интересен музичкиот пресврт на Safri Duo со новите изданија објавени оваа година.

Познатите Uffe Savery и Morten Friis, кои го сочинуваат дуото Safri Duo, по потекло се од Данска и се занимаваат со музика повеќе од 30 години, а на почетокот на годината го привлекоа вниманието на слушателите со хит-синглот „Cynical“, кој ги освои европските топ листи.

Лето е и ваков вид музика некако совршено лежи со времето, пријателите, плажата, забавите и сите убавини кои ги носи со себе најубавото годишно време. Уште ако сте и во најубавиот град на светот – задоволството е комплетно.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука