Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нашата песна свири, ми пука во срце, како да се шири, пламен во градиве, те молам извади ме, од ова лудило…
Ова се стихови од новата песна на една од најталентираните пејачки кај нас. Таа е млада, храбра, автентична, со моќен вокал, со кој успеа да се избори за свое место под македонското музичко Сонце.
Се вика Александра Јанева и на своите обожаватели им го понуди својот најнов сингл „Нашата песна“, заедно со Tyzee.
Песната е работена со нејзината проверена екипа. Музиката на песната која носи вистински летен ритам и е освежување за македонската музичка сцена е на Лазар Цветкоски, текстот до потпишува Драган Величковиќ- Tyzee, а спотот е дело на охриѓанецот Даниел Јовески.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива