Избор Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Струга денеска домаќин на спортскиот фестивал „Илинден“

Струга, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 2. Август, за големиот празник Илинден, Струга ќе биде домаќин на спортски фестивал, кој ќе се одржи на кеј „8-ми Ноември“ (наспроти маркетот на „Тинекс“) со почеток во 11:00 часот.

Учесниците ќе се натпреваруваат во неколку дисциплини: пливање во широчина на реката Црн Дрим 27 метри слободен стил, ватерполо, кајак едносед на 100 метри, СУП 100 метри и такла скок.

– Спортскиот фестивал „Илинден“ е настан од исклучителна важност за развојот на водните спортови и етаблирањето на Струга во важна спортско-туристичка дестинација. Бидете дел од највжниот спортско-забавен настан ова лето и не дозволувајте другите да ви раскажуваат, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука