Охрид/Струга, 3. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Dj Славе Келешовски, важи за еден од најпознатите македонски Dj-и со сериозна кариера во 80-те и 90-те години од минатиот век, која трае до денес.
Вечерва, сабота, 3-ти август 2024 година во Струга ќе се одржи промоција на новата песна и видео запис посветена токму на Dj Crazy Slave. Нумерата e насловена како „Dj Crazy Slave наш“, а ја исполнуваат популарниот Мето Ди Флеш, Фичо и Dj Crazy Slave.
Песната е дело на Мето Ди Флеш и Миодраг Врчаковски врз база на музиката од Die Fantastischen Vier. Придружите вокали се на Анастасија, Доно и Давид.
На „Пливалиште“ во Струга вечерва ќе биде промовирана песната и видео записот, а предвиден е и посебен Dj сет, жива свирка за уште една супер жешка журка со Dj Crazy Slave. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива