Продолжуваат тактичко-технички активности на армиските специјалци кај „Св. Наум“
август 1, 2024

Охрид, 1. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 12:00 до 14:00 часот, на дел од просторот на комплексот „Св. Наум“ во Охрид, припадници на Армијата на Република Македонија денеска продолжуваат со тактичко-техничките активности кои започнаа во текот на вчерашниот ден.

– Припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро кај комплексот „Св. Наум“, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, информираат од СВР Охрид.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој настан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука