Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва ретроспективна изложба на слики од Вангел Наумовски по повод 100 години од неговото раѓање

Охрид, 1. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод 100 години од неговото раѓање, а во чест на големиот празник Илинден, вечерва ќе се одржи ретроспективна изложба на слики од Вангел Наумовски, со што ќе се одбележат и 70 години од неговата прва самостојна изложба.

Поздравни говори ќе одржат синот на уметникот, Рубенс Наумовски, градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, како и Јордан Плевнеш. Ќе бидат прикажани инсерти од архивски видео материјали – Кирил Темков со Вангел за Вангел, а музичко интермецо ќе одржи гитаристот Владимир Василевски Четкар.

По традиција, од 1987 година манифестацијата започнува на 1-ви август во 24:00 часот, а ќе се одржи во домот/галерија на Вангел Наумовски „Охридска порта – Љубица“, на улицата „8-ми Септември“ бр. 3. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука