Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Од полицискиот Билтен: Физички нападната жена, тепачка, во два случаи пронајдена дрога…

Охрид/Струга, 1. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информациите поместени во денешното издание на полицискиот Билтен информираат за бурно деноноќие во Охрид. 

На 31-ви јули 2024 година, во 21:30 часот, во СВР Охрид лишено е од слобода 31-годишно лице од Охрид кое претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 1. август 2024 година, во 02:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, едно лице физички нападнало две други лица, двајцата од Охрид. По целосно расветлување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 31-ви јули 2024 година, околу 22:00 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски инспектори од одделението за недозволена трговија со дрога и униформирани полициски службеници од СВР Охрид, при извршени прегледи, кај две девојки од Тетово, на возраст од 20 и 21 година, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана, додека кај 33-годишно лице од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 31-ви јули 2024 година, полициски службеници од СВР Охрид, при извршен преглед врз 20-годишно лице од Нови Сад, Република Србија, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука