август 1, 2024

Охрид, 1. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Nikola Tanceski на неговиот профил на Facebook објави видео од плажата „Метропол“ во преполниот со гости Охрид.

Видеото е скоро неверојатно и покажува колку е исполнета со гости плажата во шпицот на туристичката сезона во Охрид.

Охрид деновиве го живее врвот на сезоната 2024-та. Се бара место повеќе во сместувачките капацитети, а за сликата да биде комплетна придонесе и исклучително топлото време, кое измами бројни гости од земјата и странство да го посетат градот под Самуиловата тврдина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Nikola Tanceski

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука