Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон на патеката Горица-Охрид

Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, денеска ќе се одржи XLV издание на Илинденскиот пливачки маратон – Куп во далечинско пливање на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 километри.

На овој пливачки маратон учество ќе земат преку 60 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи-категории. Првата група (пливачи постари од 16 години старост – родени 2008 година и постари), и втора група (пливачи од 8-15 годишна возраст, односно родени 2009 и помлади).

Стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“, – „К`ј Дивоно“ и тоа: првата група ќе стартува во 10:30 часот, а втората група во 11:30 часот. Целта ќе биде на Градското пристаниште во Охрид – кеј „Македонија“, на потегор пред хотел „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартувањето.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука