август 2, 2024

Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на 80 години АСНОМ, денеска напладне во Куќата на Уранија при МАНУ во Охрид ќе се одржи предавање, а гостин предавач ќе биде проф. д-р Владо Поповски.

Организатор на предавањето е одделение за општествени науки на МАНУ. Предавањето е во рамки на Програмата на Научната и уметничка визита за 2024 година на Научниот и уметнички центар „Уранија“ при МАНУ.

Согласно Програмата, во текот на август ќе се одржи и научна дебата „Високото образование и науката“, во организација на одделение за општествени науки на МАНУ, Македонско – кинеска поетско – преведувачка работилница во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Терминолошка работилница „Неологизмите во македонскиот јазик“ чиј организатор е Лексикографскиот центар „Ѓорги Старделов“ исто така при МАНУ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука