Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Повторно бурно деноноќие во Охрид: Во четири наврати нарушен јавниот ред и мир на музички настани

Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повторно бурно деноноќие во Охрид, информираат од СВР Охрид во најновиот Билтен. Нарушен е јавниот ред и мир во четири наврати на музички настани изминатото деноноќие.

На 2-ру август 2024 година, во 04:00 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на едно лице од Охрид, врз 36-годишен сограѓанин. Пo документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, на 1. август 2024 година, во 23:45 часот, за време на музички концерт на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, приведени се две лица од Скопје на возраст од 18 и 20 години, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која се вклучиле и други лица од Скопје. Против сите учесници во нарушувањето, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 1. август 2024 година, во 23:00 часот, при контроли извршени на музички концерт на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај 21-годишно лице од Охрид, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 1. август 2024 година, во 22:50 часот, на музички концерт кој се одржуваше на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај 30-годишно лице од Прилеп, пронајдоа и одзедоа марихуана, додека кај 20-годишен скопјанец, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука