Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на 80 години АСНОМ, денеска напладне во Куќата на Уранија при МАНУ во Охрид се одржа предавање, а гостин предавач беше проф. д-р Владо Поповски.
Организатор на предавањето е одделението за општествени науки на МАНУ, а предавањето беше во рамки на Програмата на Научната и уметничка визита за 2024 година на Научниот и уметнички центар „Уранија“ при МАНУ.
Согласно Програмата, во текот на август ќе се одржи и научна дебата „Високото образование и науката“, во организација на одделение за општествени науки на МАНУ, Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Терминолошка работилница „Неологизмите во македонскиот јазик“ чиј организатор е Лексикографскиот центар „Ѓорги Старделов“ исто така при МАНУ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива