Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Штабот за заштита и спасување при Општина Охрид, вечерва одржа состанок во проширен состав согласно кризната состојба настаната од пожарите кои се активни на територија на Општина Охрид.
– Од страна на надлежните беше презентирана состојбата со активните пожари. Во текот на денешниот ден интервенирено е од страна на Територијалната против пожарна единица од Охрид, Национални шуми, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување како и волонтери кои се пријавиле да помогнат со гасењето на пожарите. Исто така денес на помош дејствуваја и три Ер трактори кои неколку часа истураа вода над пожарите. За утрешниот ден дополнително на помош се вклучуваат и општинските јавни препријатија со луѓе, механизација и логистика, кои заедно со сите останати институции во организирана акција ќе се пристапи кон справување со пожарите. И за утрешниот ден согласно потребите се ставени на располагање авионите за гасење пожар, информираат од Општина Охрид.
Градоначалникот, д-р Кирил Пецаков упати апел до сите оние кои се чувствуваат подготвени да помогнат во справувањето со огнената стихија утре изутрина во 04:30 часот соодветно опремени да бидат во кругот на Територијалната против пожарна едница во Охрид, каде задено со претставниците на институции координирано ќе се упатат кон критичните точки за гасење на пожарите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива