Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во два случаи пронајдена дрога во Охрид

Охрид, 4. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, во два случаи е пронајдена дрога во Охрид, информираат од МВР во новиот полициски Билтен.

На 3-ри август 2024 година, во 22:35 часот, при преглед врз 35-годишно лице од Велес, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, на 4-ти август 2024 година, во 02:40 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 25-годишно лице од струшко село. При извршена контрола од полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, тој се обидел да фрли бела прашкаста материја што ја имал кај себе. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука