МВР: Полицискиот хеликоптер Бел 412 во 29 циклуси исфрли над 43 тони вода врз пожарот кај Косел
Охрид, 4. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР и хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи денеска дејствуваа на пожарот кај охридското село Косел.
– Во 29 циклуси хеликоптерот Бел 412 исфрли над 43 тони вода, со што дел од краците на пожарот беа ставени под контрола, информираат од МВР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: МВР
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |