Забава Избор

„Сенки“- нов сингл на Хејз од албумот „Afterlife“

Охрид, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Сенки“ е новиот сингл на Haze, 4-ти од албумот „Afterlife“.

Зад проектот стои Ненад Тодоровски, кој и’ е познат на македонската јавност под псевдонимот Todd Haze, под кој работи како музички продуцент и диџеј, а има издадено и повеќе од 20 синглови и ремикси.

Има соработувано со Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други. Haze е неговиот најнов проект во кој се испреплетени повеќе стилови но најмногу доминира етно мелосот.

Синглот „Сенки“ беше претставен на јавноста преку македонската издавачка куќа „Cafe De Anatolia“ која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука