Забава Избор

SUPER Fresh Music: Good Neighbors – Daisies

Охрид, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Good Neighbors е музичко дуо од Лондон кое е во обид да донесе будење на летната љубов и среќа со синглот „Daisies“, кој носи модерен и традиционален поп звук со примеси на синт-поп што додава чувство на носталгија.

– Нашиот нов сингл е официјалната летна химна, најжешкото издание на светот и песната што отсекогаш сте сакале да ја имате. Ова е нашиот прв жежок сингл од ваков тип – затоа не го пропуштајте, порачаа дуото за новото издание кое следеше по дебитантската песна „Home“, која стана вирална само неколку дена по објавувањето.

Нивното второ издание „Keep It Up“ само го потврди нивниот талент и ги донесе чекор поблиску до светска слава и препознатливост. „Двајца момци и многу слободно време“ е слоганот под кој работат Good Scott и Oli Fox, познати како Good Neighbours.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука