ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓани со огромна благодарност за хероите – пожарникарите, пилотите и месното население кои ги гасат пожарите (Фото/Видео)

Охрид, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ако се изземе еден, кој во текот на вчерашниот ден се жалеше на социјалните мрежи дека го разбудиле пилотите кои прениско и прерано во денот летале за негов вкус, охриѓани со огромна благодарност до сите инволвирани пожарникари, пилотите и месното население за несебичното залагање во гасењето на пожарите кои го зафатија поширокиот регион на Охрид.

Свесни за состојбата во која се наоѓаат службите, пред се’ во делот на опрема и бројност, тие со пофални зборови на социјалните мрежи за нивното залагање.

– Секогаш може подобро, побрзо и повеќе. Но, овие луѓе застанаа силно во гасењето на пожарите, често ризикувајќи го сопствениот живот, стои во дел од коментарите.

Екипата на OhridPress во нивна чест постојано ги следи и промовира активностите и ги споделува апелите и насоките на одговорните лица, а утрово, нашата видео екипа направи и кратка фото-видео приказна од пилотите – херои од нашата земја, но и од соседните кои испратија луѓе и опрема за помош во гасењето на пожарите.

Ви благодариме…

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука