Забава Избор

SUPER Fresh Music: KatSeye – Debut

Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Првата глобална женска група создадена по K-pop стандардите, KatSeye го претстави дебитантскиот сингл „Debut“ со храброста и самодовербата како главни карактеристики на изданието.

Девојките ќе го издадат и своето прво EP насловено „SIS (Soft Is Strong)“, кое носи специфичен концепт и тема што го следи. Овој пат е опфатена темата на пријателството и сестринството што ги обединува членовите на групата.

Во текот на летото е планиран документарен серијал за процесот на создавање на оваа група наречена „Pop Star Academy: KatSeye“.

Како „најшарена“ група некогаш создадена во музичката индустрија, KatSeye е проект составен од шест млади дебитанти кои доаѓаат од сосема различни делови на светот. Daniela, Lara и Meghan доаѓаат од различни делови на американскиот континент, Manon е од Цирих, а за се’ да биде уште поразновидно, во групата се и Sophia од Филипините и YonChae, која ја носи автентичноста на јужнокорејската култура.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука