Забава Избор Локална самоуправа

Второ издание на Night car show

Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС)-  Охридското здружение на автомобилисти USCCO, со поддршка на Општина Охрид и оваа година ќе ja организира изложбата на спортски модифицирани и уникатни автомобили Night car show.

Настанот ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот, на отворениот простор во поранешната касарна. Целта на изложбата е збогатување на туристичката понуда на Охрид, продолжување на туристичката сезона со атрактивни настани и привлекување на поголем број на домашни и странски гости.

Според најавите на изложбата ќе учествуваат претставници на повеќе странски земји кои ќе ги постават на рагледување своите уникатни автомобили. Настанот ќе биде од натпреварувачи карактер и ќе биде збогатен со музичка програма и забавни содржини за посетителите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука