Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Нико има нешто да ни каже: За туризмот, за сезоната, за цените, за разни „Куртовци и Муртовци“…

Подгорица, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сезоната секако е послаба за 20 проценти, полоша е од минатата година, изјави неодамна Никола Пејовиќ од Здружението на хотели на Црна Гора за „Побједа“, нагласувајќи ја недоволната подготвеност на државните функционери во креирањето на стратегијата за туризам.

Во врска со тоа, некои ги обвинуваат арогантните сопственици на ресторани и кафе барови кои се надминале со високите цени. Црногорец, кој на TikTok се претставува како Niko_Mar_10, објаснува на што се’ им забележува, како сопственик на апартман, Тој објави видео со кое привлече големо внимание и предизвика многу реакции, како кај локалците на кои им се обраќа, така и кај туристите.

„Веќе не е тајна дека летната сезона во Црна Гора е „капут“. Како некој кој е роден овде, кој живее и се занимава со туризам во оваа наша земја, поточно издавајќи станови во приватниот сектор, единствено што можам да кажам е дека сум исклучително среќен поради тоа“, ја започна тој својата „презентација“.

– Зошто? Тоа е затоа што ги окупиравте сите плажи и им ставивте огромни давачки. Човек повеќе не може да оди на плажа и пристојно да се бања, но за такво нешто мора да издвои вистинско мало богатство. Не е нормално становите во приватниот сектор да чинат од 30 до 60 евра за двајца, а исто толку пари треба да потрошите за две лежалки и еден чадор на плажа за само неколку часа. Не е нормално еден хамбургер да чини меѓу четири и шест евра. Не е нормално едно парче пица да чини исто. Не е нормално 10 ќебапи со малку помфрит да чинат од 10 до 12 евра. Не е нормално парче пржено пилешко со некое зелено пире да чини од 15 до 20 евра. Не е нормално едно кафе да чини од две до четири евра и исто колку шише вода од 0,25, порача Niko_Mar_10.

 

Тој заклучува дека не е нормално се’ што е направено и дека многу му е мило што сето тоа им се враќа.

– Единственото нешто за што ми е жал е овој обичен народ на кој му ја зедовте душата, но и правото да ужива во ова наше прекрасно море, заклучи Нико.

Многумина во коментарите се согласија со него, но некои ги коментираа цените во Црна Гора со изјавата дека Хрватска е уште поскапа, а не е подобра ниту Србија…

– Суштината на моето видео е што многу ми е жал што мојата земја, која ја сакам повеќе од мојот живот, дојде до позиција каде што веќе не е место каде што сакате да одите затоа што таму имате пријатели со кои сакате да се дружите, каде ќе се заљубите, ќе уживаше во се’. Стана како магаре на кое му наметнаа самар разни „Куртовци и Муртовци“ кои ја јавнаа оваа земја и се обидуваат да ја уништат… Што се однесува до сите нас од околината, во ист сос сме, затоа не зборувајте глупости и не ширете омраза, затоа што тоа најмалку ни треба, рече тој.

Секоја сличност со состојбите кај нас е застрашувачка…

извор: Н1 фото: Н1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука