ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Езерото се сака со дела: Две дами самоиницијативно извадија околу 3m² искршени азбестни плочи кај Трпејца

Охрид, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читателка на OhridPress до нашата редакција достави информација за нивната еко акција и апел за повеќе да внимаваме и да ја чуваме нашата животна средина.

Дописот го пренесуваме во целост:

Ако Трпејчани и понатаму сакаат да живеат од туризам ќе мораат посериозно да се позанимаваат со нивната непосредна околина. Не е доволна местоположбата на селото и прекрасните, се’ уште недоволно чисти, езерски води во Трпејчкиот залив.

Денес, јас и мојата другарка Katica Garoska од водите на езерото на само два метри од обалата, извадивме околу 3m² искршени азбестни плочи. За да не бидат повторно фрлени во езерото, баравме помош за нивно отстранување од брегот каде ги оставивме, но помош не добивме. Апелирам до Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид да интервенира. Апелирам до локалните еко организации, до ЈП „Охридски Комуналец“ овој отпад да биде отстранет брзо и прописно.

Апелирам до Трпејчани да се однесуваат одговорно и да го отстрануваат отпадот, наместо да го фрлаат во езеро. Апелирам до туристите и вљубениците во Трпејца да реагираат и да бараат поголема грижа за отпадот и чиста средина. Разочарувачки е ниското ниво на луѓето во однос на отпадот. Едноставно не им пречи и е дел од културата на живеење во Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука