Струга, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти август 2024 година, во 22:00 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Струга се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 53-годишно лице од струшкото село Заграчани, и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од 26-годишно лице од струшкото село Велешта. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 74