Охрид/Струга, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Секторот за внатрешни работи во Охрид информираат за два случаи во кои е нарушен јавниот ред изминатово деноноќие и тоа физички напад во охридското село Велгошти, како и случај на агресивно однесување во струшко „Плитишта“.
На 5-ти август 2024 година, во 21:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека во охридското село Велгошти бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 35-годишно лице од Охрид врз 42-годишен жител на селото. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 6-ти август 2024 година, во 03:25 часот во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 27-годишно лице од струшкото село Подгорци, кој претходно во казино во истата населба го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните и работените. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес