Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Стара рачна бомба пронајдена во езерото кај селото Радожда

Струга, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти август 2024 година, во 18:00 часот, 38-годишно лице од ресенското село Јанковец пријавил дека во водите на Охридското Езеро кај струшкото село Радожда забележал стара рачна бомба.

– Од извршениот увид е констатирано дека се работи за рачна бомба од италијанско производство од Втората светска војна. Бомбата била безбедно подигната од овластено стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука