Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Активни се 7 пожари, меѓу нив и оние на Илинска Планина и Галичица

Скопје/Охрид, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден, вторник, 6-ти август 2024 година, до 13:00 часот, има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои во моментов 7 се активни, 6 се под контрола и 3 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Во поширокиот регион на Охрид, активни се пожарите на Галичица и на Илинска Планина, на потегот кај селата Витово, Базерник, Мали Илино и Брежани, стои во информацијата на ЦУК, објавена околу 15:45 часот.

Според истиот извор, под контрола е ставен пожарот кај селата Косел-Расино-Опеница-Вапила.

Утрово продолжија активностите за гасење на пожарите во охридско од воздух. Се гаси со хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации.

Од саботата леталото секојдневно учествува во гасењето на пожарот кај Охрид. (Крај)

извор: ЦУК/ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука