ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Пожарот на Илинска Планина е проширен на територијата на Дебрца, гори кај Брежани на непристапен терен

Скопје/Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) инфомираат дека на територија на државата имаше вкупно 41 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 9 се под контрола и 26 се изгаснати.

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарот на Илинска Планина што зафаќаше делови од општините Охрид и Демир Хисар е проширен на територијата на Опшина Дебрца. Пожарот е активен и е навлезен во шума во атарот на селото Брежани на непристапен терен каде што тешко може де се гаси.

– Вчера на терен имаше 5 пожарникари со 1 моторно возило и околу 10 лица од ЛС „Дебрца“ и ШС „Галичица“ коишто се активни во гасење на пожарот. Во текот на денот во негово гаснење интервениралеи 2 хелихоптера – еден српски и еден од МВР. На терен е ангажирана и една тешка машина што прави засесоци на теренот. Пожарот во околината, на потегот на селата Косел-Вапила-Опеница-Расино, Општина Охрид што се појави на 4 различни точки во Охрид е целосно изгаснет. Во текот на денот на терен ќе има 10 лица од ЈП „НШ“ – подружница „Галичица“ да го контролира теренот чади уште маку во внатрешноста нема никаква опасност од негово проширување, информираат од ЦУК.

Од Регионалниот ЦУК Битола, известуваат дека на Плакенска (Илинска) планина на подрачјето на Општина Демир Хисар пожарот е активен, каде што гори сува трева на потегот од селата Вирово, Слоештица, Базерник и Мало Илино. Најаларманто е над Базерник и Мало Илино каде што огнот се доближува до букова шума. Контактиран е градоначалникот на општина Демир Хисар и на терен е упатена една екипа од ТППЕ Демир Хисар со 3 пожарникари.

Пожарот на планината Галичица е локализиран. Во текот на денот на пожарот дејствуваше екипа од 10 лица од НП Галичица и од Единицата за спасување на планина од Црвен Крст – Охрид и 5 пожарникари од ТППЕ-Охрид, при што истите се префрлени со хелихоптер до местото на пожарот, исто така дејствуваа и 2 авиона „Ер трактор“. За денес изутрина се планира екипа од НП „Галичица“ да оди да го провери местото на пожарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука