август 1, 2024

Охрид, 1. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На синоќешниот настап на српскиот музичар Михајло Веруовиќ – Војаж во Охрид се случил инцидент, по што полицијата го отстранила од бината.

Иако во дел од медиумите беше објавено дека имало инцидент во кој биле повредени лица, сепак неофицијално се случил само помал инцидент, најверојатно поради големата бројност на публиката.

Самиот артист на социјалните мрежи напиша:

– Поради интервенција на полицијата бев принуден да го прекинам настапот во Охрид. Поради преголемата посетеност и безбедносната проценка на државните органи, интервентната единица реагираше и го прекина мојот настап и ме симна од сцената. Охрид, бевте одлични, многу ми е жал што настапот беше прекинат бидејќи енергијата беше неверојатна, но не можеме да одиме против одлуките на државните органи. Се надевам дека наскоро ќе успееме да го надоместиме ова и да направиме уште поголем спектакл. Ве сака Војаж и ви благодарам за разбирањето…, напиша Војаж.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука