Струга, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми август 2024 година, во 21:40 часот на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Теферич, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 49-годишно лице од селото Радолишта кое се однесувало агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
– По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 73