ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

ЦУК: Активни се пожарите на Илинска планина и Галичица

Скопје/Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, регистрирани се вкупно 40 пожари на отворено, од кои девет се активни, шест се под контрола и 25 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во регионот на Општина Охрид, во моментов активен е пожарот на Илинска планина каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума, како и оној на Галичица каде гори нискостеблеста вегетација.

Според истиот извор изгаснати се пожарите во Општина Струга, конкретно во селото Калишта каде гореше стрниште и ниска вегетација), Враништа, каде исто така гореше стрниште и ниска вегетација и селото Велешта (ниска вегетација). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука