Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Дијана Петрова е годинешниот добитник на наградата „Живко Чинго“ за расказот „Јоанес Даубманус“

Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дијана Петрова е автор на расказот „Јоанес Даубманус“, испратен под шифра „Фанатик“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Ги објавила книгите: „Бдеењето над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Работи како професорка по македонски јазик и литература.

Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.

Наградата за најдобар расказ на Дијана Петрова ќе и’ биде доделена во рамки на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи во вторник, на 13-ти август 2024 година во неговото родно место Велгошти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука