Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Да помогнеме сите заедно да се реализираат предавањата за богатата македонска урбана музичка историја на рок-ентузијастот и публицист Тошо Филиповски за младите Македонци кои живеат во САД

Скопје, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Неуморниот рок-ентузијаст и публицист Тошо Филиповски, објави повик за поддршка за еден од неговите проекти преку кој сака да ја сподели македонската рок историја со дијаспората во САД, а особено на младите генерации во САД со македонско потекло.

Финансиската конструкција за проектот се затвора со само 4.000 долари кои треба да се соберат до 25-ти август, една недела пред заминувањето на Филиповски во САД.

– Драги мои пријатели. Ве молам прочитајте и споделете го овој пост кон вашите пријатели… Ова ми е последната можност/начин да соберам барем дел од потребните финансиски средства за целосно и квалитетно организирање/реализирање на веќе договорените предавања низ САД… од 03-30 септември 2024 година. За жал не успеав да најдам никаков спонзор, или да обезбедам некаква подрршка од институции, организации или мецени, и од овде и од дијаспората, кои би ми ги покриле трошоците за предавањата/патувањата. Единствената поддршка е од страна на Министерството за култура, но во висина на авионска карта, виза и сместување до и од New York. Сето останато ќе морам САМ да го финансирам. Исцртаната агенда за предавањата е навистина обемна, исто колку и желбата за презентација на Македонската рок култура насекаде низ светот, ама сопствените финансиски можности ми се навистина ограничени. п.с. Како што ќе прочитате… секој ќе си добие и соодветен подарок… Книги, плочи, ЦД-и… Ви благодарам од срце… Да ја направиме Македонската рок музика подостапна за нашинците во дијаспората, напиша Филиповски во повикот.

„Историја на Македонската рок музика, 1963-2023“ е аудио-визуелна изложба и предавања низ неколку градови во САД. Проектот е осмислен како двочасовно предавање за почетоците, развојот и сегашноста на македонската рок музика, сватена во поширок контекст (блуз, џез, фанк, панк, хеви метал, рап, алтернатива, инди, прогресив…). Серијата предавања ќе вклучат и аудио-визуелни презентации на македонска музика и музички артефакти (фотографии, изданија, часописи, фанзини итн…) од пребогатата македонската музика историја. Самата идеја и потребата од едни вакви предавања е иницирана од македонските иселеници, во периодот кога ја создавав „Македонска Рок Енциклопедија, 1963-2018, Прв Том“. Главна цел е запознавање на младите генерации, со македонско потекло, а кои живеат во САД, со богатата македонска урбана музичка историја.

Сите кои сте во можност да помогнете, истото можете да го направите ОВДЕ или да го контактирате Филиповски ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука