Струга, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми август 2024 година, во 01:45 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на крстосницата од улицата „Боро Хаџиески“ со „Кузман Јосифоски – Питу“ се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишно лице од струшкото село Радолишта, и мопед „Априлиа“ со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 117