август 8, 2024

Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оваа убавина која ја нудат Охридското Езеро и Љубаништа, може да се надополни само со вкусот кој спојува и кој и ова лето не поврзува во најубавиот град на целиот свет. Охрид, лето и највкусните Vincinni производи – што друго може да се посака, порача денеска познатиот радио водител од Супер радио Жанко ЗШ Голабоски, кој заедно со екипата и нашите пријатели од Тамаро и Vincinni се забавуваа на плажата „Љубаништа“.

– Традицијата продолжува. И ова лето имаме многу изненадувања, подароци и секако дружење со нашата екипа насекаде низ Охрид. Време е за супер позитивна енергија и највкусните производи од Vincinni. Денеска бевме на една од најубавите плажи на целото крајбрежје на Охридското Езеро – преубавата плажа кај кампот Љубаништа. Заедно со нашите најмлади пријатели се дружевме, подарувавме, се забавувавме, порача Жанко заедно со неговите млади пријатели од Охрид, но и земјата и целиот свет.

Традиционално и оваа сезона Супер радио и Тамаро организираат презентации на највкусните Vincinni произоди и во Хипер маркет на улицата „АСНОМ“ во текот на целото лето, забави на плажа, а секојдневно ќе добивате и СУПЕР вредни подароци на Супер радио.

Можете да учествувате и во оваа наградна игра секој работен ден од 09:30 часот на Facebook профилот на Супер радио. која ќе трае до крајот на август. Секој работен ден за вас имаме вредни награди од нашите Vincinni пријатели.

– Се’ што треба да направите е да го тагирате пријателот кој не може без некој од највкусните производи на Vincinni и да го споделите постот, потенцираат организаторите.

Тие порачуваат дека ова ќе биде незаборавно лето со Vincinni и „Тамаро“.

– Понесете насмевка и позитивна енергија, а за вкусните слатки задоволства и ова лето ќе се погрижи Vincinni, порачуваат од Супер радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука