Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Активен е пожарот на потегот кај селото Брежани, Општина Охрид, па од таа страна дејствуваат и 20 припадници на Национални шуми. Зафатена е, пред се, ниска вегетација, нискостеблеста шума, а на некои места гори и борова шума, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
– Карактеристично за овој пожар е тоа што во повеќе наврати користевме воздухоплови, во неколку наврати „Ер трактори“, исто така користевме хеликоптери, но се крева силна чад која што ја намалува видливоста, го отежнува маневрирањето на воздухопловите. Затоа апелирам до општинските власти да дадат се’ од себе да ги зголемат активностите на овој потег и да го стават под контрола овој пожар на отворено, којшто беснее со денови, апелира Стојанов. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес