Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Роденденска прослава на 100 години „Скопско“ викендов во Охрид

Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Овој викенд, на 9-ти и 10-ти август 2024 година, на Градскиот плоштад во Охрид, со почеток од 19:00 часот, стартува големата забава по повод 100-тиот роденден на „Скопско“ за која ќе се погрижат Ѓоко Танески, Фолтин, Дани Димитровска, Dj Face и Dj Gec.

– Освен уживањето во добра македонска музика, граѓаните и посетителите на Охрид ќе имаат можност и подобро да се запознаат со историјатот на брендот, процесот на правење на Скопско, како и да „ѕирнат“ во иднината, преку дигиталното искуство во т.н. „Скопско Гајба“, порачуваат организаторите.

Испраќаат покана до сите да дојдат на забава и да наздравиме сите заедно за следните 100.

– 100 години „Скопско“ и сè е можно.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука