Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Утревечер отворање на манифестацијата „Културно лето Пештани“

Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Традиционални културни збиднувања и годинава во Пештани.

Утревечер од 20:30 часот во центарот на селото ќе биде отворена манифестацијата „Културно лето Пештани“.

Љубителите на уметноста ќе можат повеќекратно да уживаат во миксот од серенадите проткаени со поезија и проза.

Од 11-ти до 13-ти август со почеток во 17:00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница

Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение „Arte Azzurra“ со поддршка на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука