Струга, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми август 2024 година, во 19:50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на улицата „Партизанска“ во Струга, во која е повредено малолетно лице.
– Во незгодата учествувале мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Радолишта, струшко, кој удрил во малолетничка од село Вејце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката – пешак, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 36