Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми август 2024 година, во 21:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од страна на 68-годишно лице од Србија удрил во 43-годишна жена од Црна Гора.
– Притоа, велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила и жената од Црна Гора, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 57