август 9, 2024

Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Покачена температура, болки во мускулите, кашлица, но и стомачни тегоби, на ова најчесто се жалат граѓаните кај своите матични лекар

и.

Летниот период и високите температури го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции. Дел од охридските матични лекари со кои разговаравме велат дека периодов кај нив е голема бројката на лица кои се жалат на болки во стомакот, пропратено со повраќање, дијареа и покачена температура.

– Оваа сезона за разлика од минатите подолг период доаѓаат пациенти со стомачни вируси, пропратени со повраќање, дијареа и покачена температура, велат леакарите.

Потенцираат дека застапен е и Covid-19, според симптомите кај пациентите и направените брзи тестови.

– Сме правеле брзи тестови за Covid-19 утврдено е дека е застапен. PCR тестовите се плаќаат приватно и ретко веќе кој се тестира. Пациентите се со покачена телесна температура, најчесто вирусно пропратено со кашлица. Кај некои се смирува за неколку дена, но знае да продолжи во продуктивна кашлица. Потоа се жалат на течење нос, силни главоболки, но и вртоглавици, болки во мускули, гадење, нагон за повраќање. Најчесто доаѓаат помладите кои повеќе се движат, комуницираат. За среќа состојбата се подобрува за неколку дена, нема хоспитализации, додаваат матичните.

Што се одндесува до големата кашлица велат дека во нивните ординации не се донесени деца со симптоми што укажуваат на пертусис. Дека тоа е така, потврдува и најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од 2-ри до 8-ми август, што покажува дека во Охрид не се регистрирано случаи на голема кашлица, иако на државно ниво ја има. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука