Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Бурно деноноќие во Охрид и Струга: Пронајдена дрога, физички нападнато лице, повредена жена кај „Студенчишта“, приведен дилер на дрога…

Охрид/Струга, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повторно бурно деноноќие во Охрид, информираат од СВР Охрид во најновиот Билтен. Пронајдена дрога, физички нападнато лице, повредена жена и уште едно лице во незгода кај „Студенчишта“, приведен дилер на дрога…

На 8-ми август 2024 година, во 19:40 часот, на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, едно лице физички нападнало 28-годишен скопјанец. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 8-ми август 2024 година, во 20:20 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода две лица од Скопје, на возраст од 23 и 20 години. При преглед кај нив, едно од лицата, фрлило пакување со марихуана, која е одземена. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 8-ми август 2024 година, во 14:00 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 47-годишно лице од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, стебло од растението канабис, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 8-ми август 2024 година, во 21:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од страна на 68-годишно лице од Србија удрил во 43-годишна жена од Црна Гора. Притоа, велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила и жената од Црна Гора, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 8-ми август 2024 година, во 19:50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на улицата „Партизанска“ во Струга, во која е повредено малолетно лице. Во незгодата учествувале мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Радолишта, струшко, кој удрил во малолетничка од село Вејце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката – пешак, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука