ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Под контрола се пожарите на Илинска планина и Галичица, се’ уште е активен оној кај селото Брежани

Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, четврток, 8-ми август 2024 година, имаше вкупно 46 пожари на отворен простор, од кои во моментов 2 се активни, 7 се под контрола и 37 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи  (ЦУК).

Според истиот извор, во регионот на Охрид ставен е под контрола пожарот на Илинска планина, додека се’ уште е активен оној кај селото Брежани.

– Под контрола е и пожарот на планината Галичица, каде деновиве гореше нискостеблеста вегетација, додаваат од ЦУК.

Во меѓувреме, охриѓани се сведоци дека денеска, во попладневните часот, видливи се пожари на неколку места и од другата страна на Охридското Езеро.

До овој момент нема потврдени информации за локациите и интензитетот, но очигледно е дека гори на неколку места кај Струга и натаму кон Албанија, а зачаден е и целиот крајбрежен регион на овој потег од езерото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука