Забава Избор Локална самоуправа

Претставата за деца „Далматинко дизајнерот“ вечерва на сцената кај ТЦ „Амам“

Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претставата за деца „Далматинко дизајнерот“ за најмладите ќе се прикаже вечерва со почеток во 21:00 на сцената кај ТЦ „Амам“, како дел од проектот „За сите деца“, поддржан од Општина Охрид.

„Далматинко дизајнерот“ е урнебесна хит комедија за деца. Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кои му ги приредуваат кученцето Тошко и комшивката Тетка Светле. Низ многу комични ситуации и низ интеракција со публиката ќе дојдеме до главната порака на претставата која гласи: Никого не потценувај во својот живот, не прави разлика кој од каде потекнува и колку има, бидејќи сите сме еднакви и секогаш треба да бидеме заедно како едно!

Со многу комични ситуации, музика, интеракција со децата и педагошки елементи ќе успееме да го задржиме вниманието на публиката и преку театарскиот јазик ќе им прикажеме на децата колку е важно да сме сите заедно како едно. Автор и режисер е Сашо Ристовски. играат: Бранко Атанасов, Магдалена Ризова- Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчева.

Претставата е во продукција на Театар „Хит“ од Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука