Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска избувна уште еден пожар на депонијата „Буково“, која периодов наназад како да падна во втор план со големите пожари во регионов, но истата останува постојан загадувач на воздухот.
– Вработен во ЈП „Охридски Комуналец“, кoj e ангажиран за истурање земја, забележал непознат човек како се оддалечува од местото каде избувнал пожарот во правец на блиската шума. Случајот е пријавен во полиција и се трага по сторителот, информираат од Јавното претпријатие.
Додаваат дека биле веднаш преземени мерки за локализирање на пожарот, каде во гаснењето биле ангажирани екипи на ТППЕ-Охрид, додека нивните служби опожарениот дел го покриле со слоеви земја.
– Според информациите од терен, пожарот е локализиран, а ќе се продолжи со покривање со земја на опожарениот дел, додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива