Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнува манифестацијата „Културно лето Пештани“

Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 20:30 часот во центарот на Пештани ќе биде отворено годинешното издание на манифестацијата „Културно лето Пештани“.

Со тоа продолжуваат традиционалните културни збиднувања во ова село со кои љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите проткаени со поезија и проза.

Од 11-ти до 13-ти август со почеток во 17:00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце, како и изложување на ракотворби од културната работилница.

Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение „Arte Azzurra“, со поддршка на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука