ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Активен е пожарот на Галичица, се шири од „Магаро“ кон Стење, изгаснати пожарите во струшко

Скопје/Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, сабота, 10-ти август, регистрирани се вкупно 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 5 се под контрола и 31 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Во регионот на Охрид активен е пожарот на планината Галичица, кој се шири од „Магаро“ кон Стење, Општина Ресен. На овој потег гори нискостеблеста вегетација, стои во официјалната информација на ЦУК.

Според истиот извор, ставен е под контрола пожарот на Илинска Планина, на територијата на двете општини – Демир Хисар и Охрид.

– Изгаснати се и двата пожари во Општина Струга, на потегот на селата Долна Белица и Октиси, каде гореше ниска вегетација и кај селото Горно Татеши, каде гореше борова шума, додаваат од Центарот за управување со кризи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука